ПОЛИТИКА ЗА ИНТЕГРИРАН МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМ

“ГОМАТИК” ДОО ја утврдува оваа политика за интегрираниот менаџмент систем заради обезбедување на производите и услугите кои им ги испорачува на клиентите, во целост да ги исполнуваат нивните барања и да бидат во согласност со важечкит езаконски прописи и национални и меѓународни стандарди.

Насоченоста кон потребите на клиентите и задоволството на клиентите од извршената работа се најважните вредности според кои “ГОМАТИК” ДОО ја мери и одредува својата вкупна успешност. Ние сме посветени на постојано подобрување на нашите производи и услуги и ефективноста на нашиот интегриран менаџмент систем преку поставување и прегледување на цели и клучни индикатори за перформанси.

Да би се постигнале, одржале и зајакнале тие вредности, трајно се обврзуваме:

  • Да нудиме високо продуктивни, целосно автоматизирани и брзи машини за обработка на дрво и плочест материјал
  • Да им овозможиме на своите купувачи брз и непречен процес на производство, заштеда на време, добивање на квалитетен краен производ и зголемена профитабилност
  • Развиваме и произведуваме машини кои ги исполнуваат највисоките стандарди за квалитет, истовремено поддржувајќи ја локалната индустрија и придонесувајќи за економскиот раст на нашиот регион
  • Да одржуваме долгорочни партнерства со нашите клиенти, обезбедувајќи целосна поддршка, сервисирање и надградби во текот на целото времетраење на употребата на машината
  • Да сме посветени на обезбедување ефективно лидерство и ресурси за да се осигураме дека нашиот интегриран менаџмент систем е правилно имплементиран и одржуван, и дека постојано ги подобруваме нашите услуг
  • Да го минимизираме нашето влијание врз животната средина преку спроведување практики кои ја намалуваат потрошувачката на ресурси, создавањето отпад и загадувањето
  • Усогласеност со сите важечки законски и регулаторни барања поврзани со квалитетот, заштитата на животната средина
  • Да инвестираме во обука и развој на нашите вработени за да се осигураме дека тие се опремени со знаења и вештини потребни за давање услуги со висок квалитет
  • Да поставуваме амбициозни, мерливи и остварливи цели за квалитет и животна средина
  • Постојано да ги подобруваме нашите процеси, производи и услуги преку редовно следење, мерење и евалуација за подобрување на квалитетот, ефикасноста и задоволството на клиентите

Секој вработен во фирмата мора да биде запознаен со политиката за интегрираниот менаџмент систем, да ја разбере и прифати како трајно начело во сопственото работење.Менаџментот на претпријатието постојано ја преиспитува и подобрува Политиката за интегрираниот менаџмент систем и е одговорен за нејзино спроведување